Кампања: СДСМ во Шуто Оризари и Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и Куманово, ДПА во Струга...

Политичките партии ги користат последните три дена од кампањата за предвремените парламентарни избори, за да ги претстават нивните изборни програми, преку митинзи и средби со граѓаните низ целата земја.

СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе одржат митинзи во Шуто Оризари во 12 часот и во Чаир во 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ митинзи ќе имаат во Ѓорче Петров во 17,30 часот и во Куманово во 20 часот.

ДПА ќе одржи митинг во Струга, во Домот на културата, во 16,30 часот.

„Алијанса за Албанците“ ќе митингува во Гостивар во 19 часот.

Коалицијата „За промени и правда“ ќе одржи митинг пред Општина Кисела Вода во 17 часот, а ќе има и средба со граѓаните во Општина Карпош.

Носителот на кандидатска листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“, во Првата изборна единица, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот.

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian