Шестте партии и петте коалиции – учесници на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, и денеска ја продолжуваат предизборната кампања и средбите со граѓаните.
Опозициската коалиција предводена од СДСМ денеска ја продолжува кампањата во Скопје, во населбите Драчево Кисела Вода и Аеродром, пред платото на ТЦ „Бисер“ во 19.00 часот.
Коалицијата која ја предводи владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Ресен 17.30 и во Струга во 20.00 часот.
Демократска унија за интеграција - ДУИ денеска во бизнис салата на Скопскиот саем ќе ја промовира платформата за изборите, а нивните политички опоненти од албанскиот блок, Демократската партија на Албанците - ДПА ќе одржи митинг во село Црнилиште.
Коалицијата за промени и правда – Трет блок ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство во 14,00 часот, а вечерва ќе одржи митинг во Велес, во библиотеката „Гоце Делчев“, додека коалицијата „ВМРО за Македонија“, ќе организира трибина во Охрид, во Домот на културата „Григор Прличев“ во 19,00 часот.