Кандидатите за градоначалник на Скопје, за справување со национализмот, почитување на различностите, правична застапеност и заштита од дискриминација

Ги прашавме кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Арбен Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, Ана Петровска од Зелен хуман град  и Петре Шилегов од коалицијата предводена од СДСМ, на кој начин во програмата за политичко и општествено делување се спротивставуваат на национализмот и се залагаат за почитување на мултикултурализмот и почитувањето на различностите? Ги замоливме да споделат конкретни податоци за нивните планови за спроведување правична застапеност во институциите, практики за заштита од дискриминација во институциите, училиштата и во јавниот простор.

 

Да одговорат на овие прашања на ЦИВИЛ Медиа беа поканети и други кандидати за градоначалник на Скопје, но тие, од разни причини, не беа во можност да се одговорат на нашата покана.

Дебатата е дел од проектот „Зелено општество за сите“ кој го спроведува организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

Со проектот „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ја продолжува промоцијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

Оваа вест е достапна и на: English