Караван на слободата во Струмица

ЦИВИЛ Центар за слобода попладнево во Малиот парк во Струмица одржа прес-конференција за претставниците на локалните и регионалните медиуми и за дописниците на националните медиуми, на која што беше промовиран проектот Караван на слободата, поддржан од УСАИД.

Тимот на ЦИВИЛ разговараше со новинарите и со соработниците од Струмица, за проектот Караван на слободата, но и за актуелните настани на политичката сцена во Македонија, како и за другите проекти кои паралелно ги спроведува. Оваа прес -конференција беше најава за големиот мултимедијален настан што ќе се одржи во Струмица на 11 август, на кој покрај концертот на кој ќе настапат локални музички групи и еден или два бенда од најпопуларните во државата, ќе се одржат и ликовна изложба, дебата на политички теми, работилница, проекција на видео материјали, настап на поети и артисти, се со цел, преку уметноста и кутурата да се влијае врз поттикнувањето на граѓанската свест за учество во процесите на одлучување на локално и национално ниво, како и за созревање на идејата за важноста на слободата на мислата и на изразувањето во Македонија.

ЦМ