Караванот на слободата од денес започна со активностите за промоција на големиот мултимедијален настан што ќе се одржи во сабота, на 1-ви октомври во Скопје. ЦИВИЛ - Центар за слобода постави инфо-штанд на улицата „Македонија“, каде неколку часа граѓан(к)ите на Скопје можеа да се информираат за програмата на настанот и за целите на Караванот.
Минувачите имаа можност да уживаат и во ди-џеј сетовите на CIVIL Art Crew, како и да учествуваат на фото и видео петицијата. Слични вакви, помали и поголеми настани, ќе се одржуваат секој ден, до сабота, низ повеќе скопски општини.
Караванот на слободата досега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект, поддржан од УСАИД.