Караванот на слободата пристигна во Кавадарци

Караванот на слободата  вчера напладне одржа прес-конференција на која го најави денешниот мултимедијален настан во Кавадарци. Тимот наЦИВИЛ ги информираше присутните претставници на медиумите и граѓанските активисти од Кавадарци, за идејата на проектот и за сите содржини Караванот

14079565_1808819459333401_1546378279487088410_n

Денешниот настан започнува во 18:30 часот на градскиот плоштад во Кавадарци, со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“ и продолжува со многу музика, поетски и уметнички перформанси, ликовна работилница, изложба на отворено и видео-проекции.

За добрата забава ќе се погрижат Бени и Нон Стоп, Шутка Рома Рап, ПМГ Колектив и кавадарчаните Смоук Шејкерс.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ ќе посети над 30 општини низ целата земја, а на програмата се девет големи мултимедијални настани со учество на над 150 музичари, над 40 поетеси и поети и исто толку визуелни уметници, околу триесет учесници на дебатите и низа други уметници, интелектуалци, познати личности и активисти. Проектот е поддржан од УСАИД.