Караванот на слободата утре во Прилеп, Тетово и Струмица

Караванот на слободата, проект кој во наредните три месеци ќе го реализира ЦИВИЛ - Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, во текот на утрешниот ден, ќе биде промовиран во Прилеп, Тетово и Струмица. 

12801316_913738968744573_6702331767345731409_n

Три екипи на ЦИВИЛ, во овие градови ќе одржат прес-конференции на отворено, на кои на медиумите и пред заинтересираните граѓани ќе бидат најавени следните активности во рамките на Караванот на слободата.

Прес-конференциите во Тетово и во Прилеп ќе се одржат во 12 часот, на градските плоштади на овие градови, а третата екипа прес-конференцијата во Струмица ќе ја одржи во 14 часот, во Малиот парк, спроти општинската зграда.

12802704_915368521914951_8316414226609392445_n

„Караванот на слободата е динамичен мултимедијален проект, во чиј склоп ќе се одржат 9 големи концерти во 7 градови низ Македонија, како и повеќе мултимедијални настани, уметнички перформанси, дебати и работилници, во околу 30 општини во земјава. Целта на Караванот на слободата е да се искористи влијанието на уметноста и културата, за да се разбуди граѓанската свест и да се поттикне граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. Го нарекуваме Караван на слободата, затоа штом сметаме дека граѓаните треба да слободно, без никаков страв од било какви притисоци и реперкусии, да го изразат своето мислење, своите ставови и своите идеи за тоа како треба да се обликува иднината на земјата чии сопственици се токму тие“, ни изјави координаторот на проектот Петрит Сарачини.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ, ќе го искористи влијанието на уметноста и културата, за да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество. Тоа е динамичен мултимедијален проект, што поттикнува учество на граѓан(к)ите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Оваа вест е достапна и на: Albanian