Караванот на слободата во полошкиот регион

Караванот на слободата неделава, на 25 август (четврток) ќе допатува во општините Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Тетово. Настаните во четврток ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Тетово, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот во овој регион. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Гостивар, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Гостивар ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

polog

Од соседните општини ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Тетово, кој се одржува ден потоа, во петок, 26 август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Tetovo leaflet MK

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за донесувањето одлуки на локално и национално ниво.