Во Кавадарци протестот започна во 18 часот и 30 минути, во новиот центар во градот (пред Катастарот).
Како што информираше долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ - Центар за слобода од овој град, насобраните граѓанки и граѓани најпрво се упатиле кон најблискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ каде кратко протестирале, па потоа се упатиле кон центарот на градот каде пред општинската зграда извикувале: "Нема правда нема мир!", "Оставка!" “Долу диктатура!”....
Протестот заврши мирно, без никакви инциденти.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=ijT5Zgug3XM[/youtube]