Кавадарчани со ЦИВИЛ - НАПРЕД!

Денешната агенда на мобилните тимови на ЦИВИЛ заврши во Кавадарци. Активистите на ЦИВИЛ се сретнаа со кавадарчанки и кавадарчани и ги повикаа да се вклучат во набљудувањето на изборниот процес

F - Kavadarci 24022016 (44) - CopyНа средби со граѓанките и граѓаните, претставниците на граѓанското општество и политичките партии, тимот на ЦИВИЛ го претстави проектот НАПРЕД! и размени информации за политичката ситуација, за делувањето на партиите на теренот, како и за состојбата на Избирачкиот список.

Наспроти лошите временски услови кои ја следеа целодневната агенда на мобилните тимови на ЦИВИЛ, контактирани се над 1,300 граѓанки и граѓани, како и неколку локални медиуми и граѓански организации во сите пет општини кои беа на агендата. Уште еднаш, членовите на проектниот тим го оправдаа слоганот „Сите временски прилики се погодни за активизам“.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian