Казнети и уценети угостители

Mобилни царински тимови ги казнуваат со илјадници евра правните лица и одговорните во угостителските објекти, поради само едно пронајдено шише со стара бандерола - јавуваат долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ -Центар за слобода. Овие информации добиваат на особено значење, со оглед на фактот дека роковите за уплата на казните истекуваат токму пред изборите во април. Дополнително, угостителите се под притисок на инспекциските служби, да плаќаат партиски рекет, но и да работат на партиска агитација.

Угостителите стравуваат дека допрва ќе има уцени на казнетите, преку можноста за повлекување или „заборавање“ на казните, ако правилно постапат и го сторат „вистинскиот избор“ што ќе ги задоволи оние кои казнуваат.

Локациите и изворите од кои што доаѓаат овие информации се познати на ЦИВИЛ.