КИРАЦОВСКИ: „Очајни се обидите на Груевски, да го брани соработникот Талески!“

„Веројатно Груевски и соработниците се збунети и што судија по судија секојдневно се охрабруваат, застануваат на страната на граѓаните и на правдата и што вртат грб на режимот.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=0MDvsSovMYo[/youtube]

Но, назад нема! Очајни се обидите на Груевски и тоа преку други, да го брани соработникот Талески. СДСМ не го натера ексминистерот за финансии, Зоран Ставревски да го нарече Владимир Талески криминалец и да потврди дека цената за превозот на учениците во Битола е десет пати повисока од реалната. Никола Груевски и неговите неколкумина соработници мора да се помират со новата реалност. Владимир Талески ќе го добие заслуженото!“, порача Александар Кирацовски, потпретседател на опозиционата СДСМ, на прес конференција во Битола.