Нов соговорник на Цивил - Центар за слобода е аналитичарот Сашо Клековски. Во интервјуто зборува за трендот на квалитетот на изборите од 2009 година и нееднаквото медиумско покривање. Клековски ја потенцира огромната диспропорција на ресурсите во изборните кампањи. Објаснува што значи „ефикасно организирани избори“ и потребата од еднаквост на можностите на сите партии да се престават пред граѓаните. За политичката криза тврди дека мора да се приближат владејачките и опозициските партии, напуштајќи ги максималистичките позиции.
Џелал Хоџиќ