На протестите пред Државната изборна комисија, додека таа на седница ги разгледува приговорите што ги поднесоа политичките партии за гласањето на 11-ти декември, попладнево беа довезени дрва и буриња за палење оган, за поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои и вчеравечер и денес демонстрираат, „во одбрана на Македонија“.
[huge_it_gallery id="17"]
Денес немаше потврда за шпекулацијата дека на „спотаните“ демонстранти им биле делени сендвичи подготвени од Клубот на пратеници, ниту кој го плати чајот за луѓето од Скопје и од внатрешноста, кои протестираа пред ДИК.
Но, дрвата за огрев, секако, некој морал да ги плати....
Оваа вест е достапна и на: English