Со цел градење на коалиции за подготовка на “Акционен план за отворено владино партнерство - ОВП 2016 - 2018”, денеска во Скопје се одржа првата работнилница на тема транспарентност и отчетност.
Работилницата беше посветена на идентификување заложби и мерки кои ќе промовираат поголема вклученост на граѓаните во креирањето политики, во фискална транспарентност на националниот буџет и во поголема контрола врз меѓународната помош/донации, за транспарентни јавни набавки, за систематско мониторирање и евалуација на владините политики, за спречување на корупција, за градење на системи на интегритет, за управување при конфликти на интереси.
На работилницата покрај Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики - ЦРПМ, свое излагање имаа и Сања Стефановска Трајаноска и Сандра Исмановски од УНДП, кои зборуваа за одржливи развојни цели и ОВП како платформа за нивно достигнување.
За искуствата и лекциите од Акциониот план за ОВП 2014-2016, и за начините за поиновативни мерки, зборуваше Гордана Галиќ Димитровска, национален координатор на ОВП.
Во текот на март, предвидени се уште две работилници - “Слобода на информации и отворени податоци” и “Ефективни јавни услуги и добро владеење на локално ниво”.
Овој настан е подржан од Програмата на Обединетите нации за развој -УНДП, во рамки на проектот финансиран од Европската унија: „Застапување за отворена влада: поставување на агендата на граѓанското општество и мониторирање на владините акциски планови".
Оваа вест е достапна и на: Albanian