Соговорник на Цивил - Центар за слобода овој пат беше проферсорката Мирјана Најчевска, со која разговаравме за повеќе дилеми кои се појавија по конституирањето на новото Собрание на Република Македонија. Најчевска, во интервјуто во прилог, меѓу другото, говори за тоа дали пратеник смее, пред формирањето на новата Влада да врши премиерска, министерска или било која друга функција освен пратеничката. Со Најчевска разговаравме и за обврските и ограничувањата на Владата откако ќе се распишат изборите. Во видеото ќе можете да чуете дали е проблематичен и изборот на претседателот на Собранието, а професорката објаснува и кој и како треба да ги извршува владините работи до изборот на новата извршна власт. Главна констатација на Најчевска е дека Собранието не ги спроведува и ги крши законите кои самото ги донело.
Петар Стојковиќ
Џелал Хоџиќ