Цивил денеска постави информативен штанд во Јегуновце. „Кои сте вие и што нудите?“ – бевме запрашани од граѓаните
Тим на Цивил – Центар за слобода денеска постави информативен штанд во Јегуновце каде што во директен контакт ги информира граѓанките и граѓаните за нивните права во избирачкиот процес, а воедно ги слушнаа и нивните согледувања за досегашниот тек на изборите и кампањата меѓу двата изборни круга.
Интересно беше прашањето кое нашиот тим го слушна од неколку граѓани кои на штандот му пристапија со прашањето „кои сте вие и што нудите?“, со што ја илустрираа предизборната атмосфера во која партиите се занимаваат со незаконски коруптивни практики.
Општина Јегуновце не е исклучок од агресивната политичка кампања. Високи државни функционери, според сведоштвата, оделе од врата до врата и вршеле политичка агитација.
Продолжува и праксата да се врши притисок врз помалите етнички заедници во општината со обиди за „пазарење“ односно размена на нивните гласови во Јегуновце за гласови во други општини во регионот каде што се потребни гласови на Македонците.