Демонстрантите на Шарената револуција, со пораката „Ќе се чаталиме до слобода“, вчера ја обоија Владата, Собранието, Министерството за правда и Народната канцеларита на Ѓорге Иванов. На влезот на канцеларијатана претседателот, демонстрантите со спреј напишаа: „Фикус низаеден“.
Граѓан(к)ите пренесоа порака дека нема да се повлечат од улица и дека нема да ги исплашат информативните разговори на министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.
Додека „командосите“ на Шарената револуција ги боеле државните институции, граѓан(к)ите извикуваа „Многу ни е добар чаталооот, чаталоот, чаталооот...!“, бидејќи ден претходно, полицијата го приведе возачот и го заплени возилото со кое се превезуваше „муницијата“ на „шарените револуционери“ (пластични пушки и пиштоли на вода, спреј, канти со поликолор и чатал).
Дехран Муратов
Оваа вест е достапна и на: Albanian