Жените од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), утре ќе делат едукативни флаери за правата на жената, од 11,00 до 12,00 часот на улицата „Македонија“ во Скопје. Тие ќе ги информираат граѓан(к)ите за правата на жената и кои се придобивките со членуњетоат во синдикални организации.
„Без синдикат, жените немаше да имаат неработен викенд, осумчасовен работен ден, платено мајчинско отсуство, старосна граница за пензионирање, безбедност и здравје при работа, платен годишен одмор и еднакви права со мажите. Исто така, имаат право да не бидат отпуштени од работа затоа што стапиле во брак, имаат право да имаат дете или да се болни. Синдикатот ги брани нивните права да примаат минимална плата, ги заштитува од мобинг...“, наведуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати
Оваа вест е достапна и на: Albanian