ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Фондација Хајнрих Бел, ја организира конференцијата „Општество без граници“ на 13 јуни (вторник), во хотел Сити Парк, Скопје, со почеток во 12:30 часот. Конференцијата е посветена на граѓанското учество, социјална правда и одржливо општество.
На конференцијата се поканети претставници на институциите, граѓанското општество, синдикатите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани.
На програмата на конференцијата се воведни излагања од Ивана Туфегџиќ, Ирена Стеријовска и Јасмина Голубовска, презентации и анализи од тимот на ЦИВИЛ, видео проекција и излагања од поканетите учесници на конференцијата. Се очекуваат излагања и коментари од претставници на граѓанското општество и синдикатите, како и од другите учесници.
ЦИВИЛ го спроведува пилот-проектот „Општество без граници“ во чии рамки се промовира глобалната Граѓанска повелба и се јакне јавната свест за социјалната правда и екологијата, преку јавни настани, анкети и медиумска продукција. Проектот предвидува и воспоставување на соработка меѓу повеќе организации на граѓанското општество во областите релевантни на проектот.
Медиумски содржини специфично поврзани со проектот може да се најдат на веб страната Зелен ЦИВИЛ и ФБ страната Социјална правда сега!.