На дискусијата на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ организирана од страна на Цивил и Фондација Фридрих Еберт свое излагање имаше и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија:
„Јас би споделил едно искуство кое ни се случува во моментот, а тоа се Уставните промени. Ние како заедница, ЛГБТИ, немаме пристап до мејстрим медиумите, инаку мене одамна ми имаат кажано новинари дека сум на црна листа, не знам кој ги прави тие црни листи, па одлучивме да отидеме на локалните медиуми. Ние немавме јавна дебата, никакви информации, а Устав менуваме. Еднаш кога во Собранието имаше јавна расправа тогаш известија мејстрим медиумите, инаку тоа не постои. Договоривме десет интервјуа кои ги спроведовме во три дена. Тоа, очигледно, беше доволно време да се прошири веста и веќе четвртиот ден да немаме пристап до ниеден локален медиум. Прилеп излезе дека е Њујорк, ни кажаа дека немаат до ноември ни пет минути слободни во програмата. Од КТВ Кавадарци кога им се јавивме рекоа: Ние не поддржуваме обратни, ако сака Кочо да излезе и да збори како што збори Владата, може, ако не, не може. Го споделив оваа искуство од пред една недела само за да покажам дека ова е ситуацијата во Македонија. За Уставните промени на локално ниво ни новинрите не знаеја, а не обичниот граѓанин. Тие не знаат дека се менува Уставот. За какво информирање ние зборуваме?
Она што е многу важно да го направиме во наредниот период, а и меѓународните заедници исто, е да се спроведе законот за граѓанско присуство во регулаторното тело и во јавниот сервис. “
Биљана Јордановска