Шарената револуција: Кривиот пишува кривични!

Кривиот пишува кривични - е слоганот на Шарената револуција на 3 јуни, како реакција на големиот број кривични пријави кои полицијата ги поднесе против активистите и учесниците во продемократските демонстрации. Демонстрантите пред Специјалното јавно обвинителство донесоа голема фотографија на демонстранти кои со чатал фрлаат боја. 

DSC_0023

 

Демонстрантите со спреј испишаа иницијали на своите маици, подбивајќи се со долгата листа иницијали на лица против кои МВР поднесе кривични пријави. Додека се собираа граѓаните пред СЈО, голем дел од нив се шараа по лицето, рацете, облеката во знак на поддршка на Шарената револуција.

Дехран Муратов