Кежаровски малтретиран низ лавиринтите на полициските процедури

Околу половина час пред почетокот на најавениот протест на Шарената револуција, вечерва во 19,00 часот, новинарот Томислав Кежаровски беше на информативен разговор во полициската станица „Центар“. Но, поради недоразбирања меѓу полициските станици „Аеродром“ и „Центар“, не се знае за што конкретно е повикан Кежаровски на разговор?!

kezo1

„Утре ќе знаеме за што конкретно се работи, но ме информираа дека се работи за прекршок направен на 28-ми мај оваа година, бидејќи сум учествувал на протести и сум фрлал боја на Собранието“, изјави Кежаровски, откако излезе од полициската станица.