Лепење и кинење плакати, судири меѓу активисти

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) во среда вечер во Ресен имаа вербален конфликт.
Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се фатени како кинат плакати кои ги залепила Алијансата за позитивна Македонија. Полицијата интервенирала и сите инволвирани биле земени на распит во полициска станица. Активистите на ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден лепат промотивни материјали, а ги кинат тие на другите партии.

plakati

Истата ноќ, младите од партијата на власт во Битола лепеа плакати каде што ќе стигнат низ градот. Плакати се лепеа по дрвја, автобуски станици, гаражи... Истовремено, овие активисти ги кинеа плакатите на другите партии, не информираат нашите набљудувачи.

Арбана Ќерими

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish