ЦИВИЛ Арт во рамки на мултимедијалниот настан „Уметниците за човекови права“, на 29 март, организираше изложба на која уметниците визуелно го искажаа својот револт и потребата за промени во општеството, како иновативни креатори на едно суштествување кое нé засега сите.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=3OJ2904_d2U[/youtube]
На изложбата беа изложени дела од: Мирослав Стојановиќ – Шуки со „Т - Мобиле 1“ и диптих „Војна“, Касиопеја Наумоска „Соочување со минатото“, Дороти Пачкова „Зборувај ми за човекови права“, Валентин Димановски „Неороманички асамблезон - 14“ и Верица Димеска со делата „Добро утро“, „Добар ден“ и „Добра ноќ“.
Настанот се одржа во рамките на Годишната програма на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржана од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.
Оваа вест е достапна и на: Albanian