Цивика Мобилитас му додели стипендија на Џемаил Лимани од Кичево којшто моментално е на третиот циклус на докторски студии на Факултетот за безбедност во УКИМ во Скопје, со темата „Говорот на омраза како фактор за безбедноста во Република Македонија“. Лимани во разговор за ЦИВИЛ Медиа изјави дека смета оти моменталната ситуација со говорот на омраза во Македонија е полоша од онаа пред конфликтот во 2001 година, а дополнителен мотив за тоа е говорот на омраза на социјалните мрежи и медиумите.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=Leqyi-A__l0[/youtube]
„Се определив за темата говор на омраза како фактор за безбедноста во Република Македонија, бидејќи сакам да придонесам во зајакнување на политичката клима и на меѓунационалните односи, земајќи ги предвид верските, културни односи на сите граѓани на Македонија. Ситуацијата во државата е полоша од пред 2001 година и врз основа на тоа сакам да придонесам со тоа што ќе работам на терен со граѓаните на Република Македонија и да земам информации од младите и старите, без разлика на годините и националноста. Со ова истражување сакам да констатирам каков е животот и каков треба да биде животот во нашата држава, бидејќи ние можеме да бидеме побогати како држава ако соработуваме, ако сме блиски меѓу себе врз основа на една држава што е мултиетнички богата, секаде во светот во демократските земји, тие функционираат поуспешно“, истакна Лимани.
Дехран Муратов