„Лос Анџелес Тајмс“ за „Скопје 2014“: Носталгија за Лас Вегас!

Новинарката Марго Фајф, во американскиот магазин Лос Анџелес Тајмс, ден пред одбележувањето на 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој во 1963 годна, го зафати Скопје, напиша репортажа која се однесува на убавините кои Македонија им ги нуди на посетителите, но  се осврнува и на контровезниот проект „Скопје 2014“, со неговата висока цена и „пластовите бел малтер и фигури на нимфи на покривите“

Покрај сликовитиот опис на спојот на Истокот и Западот и на како што стои во текстот „недоволно истражената Македонија“, Фајф дава осврт на проектот „Скопје 2014“. Скопскиот плоштад во репортажата е опишан како место со „неверојатен број на големи, нови неокласични згради и џиновски скулптури, кои се дел од 'Скопје 2014',  кој изникна во 2010 година“. 

_na_ko-skop

„Тоа е дел од Владиниот план за повторна изградба на главниот град, како историски град што влече корени наназад до Александар Велики, кој на големо јава на коњ на врвот на пиедесталот на плоштадот 'Македонија'. Проектот, исто така, вклучува и криење на зградите од советската ера, зад пластови на бел малтер и фигури на нимфи на покривите. Многу контроверзно и со превисока цена, за земја која што се бори со стапка на невработеност од 25 %, структурите и многуте скулптури изгледаат како носталгија за Лас Вегас. Весникот 'Гардијан', го сотре со зборови, нарекувајќи го Скопје - ,,град на кичот“. Во овие несмасни кичести услови се наоѓаат и спомен-обележја на Мајка Тереза, која што е родена во Скопје“, го завршува новинарката својот поглед кон проектот кој засекогаш го промени автентичниот изглед на Скопје.

ЦМ