Македонија: Преглед на дневни настани (10 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (10 јуни 2016 година): Никола Груевски на распит во Кривичниот суд во Скопје || Булевар на #ШаренатаРеволуција || Укинат притворот за активистите на Левица || Уставноста на СЈО не е на дневен ред на седницата на Уставниот суд || Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО

timeline-logo-01-c

 

Никола Груевски на распит во Кривичниот суд во Скопје

gruevski vo sudПоранешниот  премиер Никола Груевски беше на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Поништувањето на аболицијата го додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на списокот осомничени на Специјалното Јавно обвинителство. Груевски се сомничи дека ги злоупотребил службената положба и овластувања во „Случајот ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фиат Цаноски.

 

Булевар на #ШаренатаРеволуција

boenje pred sobranie 8 denaУште 8 дена! Одбројуваме до слобода! Груевски на суд! #Одбројувам. Ова се пораките на#ШаренатаРеволуција денеска, која булеварот пред Собранието на Република Македонија го претвори во Булевар на #ШаренатаРеволуција. Неколку илјади демонстранти денеска на Никола Груевски му одбројаа уште еден ден поблиску до ултимативниот рок за исполнување на познатите барања на Шарената револуција.

 

Укинат притворот за активистите на Левица

DSC_1035

По барање на адвокатите, Судот одлучи да ја укине мерката куќен притовор на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски и да им се одредат мерки на претппазливост – одземање на патни исправи и јавување во одреден временски период во судот. На ваквиот предлог се согласи и обвинителката Снежана Бундалеска, но сепак побара и мерка за ограничување на движење, со оглед на тоа дека има најава за протести, што беше одбиено.

 

Уставноста на СЈО не е на дневен ред на седницата на Уставниот суд

Според веќе утврдениот дневен ред за седница на Уставниот суд која е закажана за 15 јуни, ја нема точката за оцена на уставноста на Специјалното Јавно обвинителство. Според ова, Уставниот суд не го зеде предвид барањето на опозицискиот СДСМ до 18 јуни да се произнесе околу уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

 

Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО

Скопскиот Кривичен суд денеска потврди дека до нив СЈО доставило предлог и на експремиерот Никола Груевски да му биде определена мерка за обебзедување на присуство. Груевски заедно со поарнешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски се осомничени во „Случајот ТНТ“.

 

Најави

Бори се против апатијата – обука на ЦИВИЛ - Центар за слобода за граѓанско новинарство (10:30-18:00 часот, настан од затворен карактер, учество само со одобрена апликација) и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство (18:00-19:00 часот, отворен за јавноста).


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на дневни настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]

 

Print Friendly, PDF & Email