Македонија: Преглед на настани (25-26 јуни 2016)

Викенд преглед на најважните настани во Република Македонија (25-26 јуни 2016 година): Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, го прослави својот 25-ти роденден || Иванов: Имаше обид да се ослободат затворениците од „Дива населба“|| 26-ти јуни - Меѓународен ден за поддршка на жртвите од мачење || Повеќе од 80 мртви новороденчиња во ГАК за само 6 месеци || Заев: Подготвени сме за избори || Шекеринска: Потребен е поинаков поглед кон политиката во Македонија

timeline-logo-01-c

Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, го прослави својот 25-ти роденден

13563315_1275932215768292_2074430636_n

Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, го прослави својот 25-ти роденден. Во својот едночасовен говор пред младите сопартијци, Никола Груевски рече дека СДСМ нема да успее ниту со сиот ветер во грб од пријателите од надвор и со потрошените огромни пари за платеници. Тој нагласи дека има стратегија за надминување на политичката криза, иако таа стратегија може да доведе и до внатрепартиски проблеми. Клучни, за излез од кризата, според Груевски, сепак, ќе бидат предвремените избори, за кои не сакаше да посочи конкретен датум.
Иванов: Имаше обид да се ослободат затворениците од „Дива населба“

Ѓорѓе Иванов
Големата полициската акција во кумановско, пред четири месеци, за чии причини тогаш јавноста не доби детали, била изведена поради упад на вооружена група од Косово која сакала да ги ослободи обвинитетите за „Дива Населба“! Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов. „За намерите на оваа група се известени странските партнери кои преземаа мерки на превенција во Kосово. Групата е се уште активна и не се откажува од своите намери“, тврди Иванов во интервјуто. Но, од друга страна, Владимир Пивоваров, кој беше советник на ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека Иванов не ја зборува вистината.

 

26 Јуни - Меѓународен ден за поддршка на жртвите од мачење

На 26-ти јуни, сe одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. „Во текот на 2015 година, Европскиот суд за човекови права донесе рекордни пет пресуди против Република Македонија, што се однесуваат на член 3 од Европската конвенција за човекови права – Забрана на мачење“, соопшти македонскиот Хелсиншки комитет.

Повеќе од 80 мртви новороденчиња за само 6 месеци на Клиниката за гинекологија!

20 новороденчиња во последните две недели починале на Клиниката за гинекологија, а во изминатите 6 месеци годинава, оваа бројка надминува над 80 смртни случаи, обвинува СДСМ. Партијата  оценува дека состојбата на скопска  Гинекологија е алармантна, бебињата масовно починуваат, а здравството пропаѓа во тотален колапс. Според Ангелчо Андоновски од Комисијата за здравство на социјалдемократите, ова претставува катастрофа за здравствениот систем, за државата и за нејзината иднина.
Заев: Подготвени сме за избори

Untitled
„Од државата се крадат 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во Македонија, ќе може да се искористи и за враќање на кредитите, но и за развој“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. „Програмата на СДСМ ја донесовме на конгресот во декември 2015 година, 224 страници, работена повеќе од една година со вклучен граѓански сектор и граѓански организации. Подготвени сме за избори. Ние сме единствената партија којашто во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб да влезе во изборни активности“, изјави Заев.
Шекеринска: Потребен е поинаков поглед кон политиката во Македонија

DSC_0670
Радмила Шекеринска, потпретседателка на СДСМ, во разговор за ЦИВИЛ Медиа ја пoсочи потребата од градење на сојузништва меѓу партиите и социјалните движења, како и сите останати кои ги делат истите вредности. „Политичките партии кои учествуваат во протестите, можат да се збогатат заради соработката со невладиниот сектор, со социјалните движења… Јасно станува дека можеме да добиеме многу енергија, многу ентузијазам, па и знаење“, вели Шекеринска


 

German Cooperation logo - CЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]