Македонија: Преглед на настани (28 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (28 јуни 2016 година): Изгласан Законот за основање на нов универзитет „Дамјан Груев“ ||  Богоевски и Спировска: Нема да не заплашат! || Избирачкиот список објавен повторно со неправилности || 360 милиони евра буџетски дефицит || Ахмети на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ || Финансиска полиција во Општина Стурумица

timeline

Изгласан Законот за основање на нов универзитет „Дамјан Груев“

Untitled

По скратена постапка, без присуство на опозицијата, пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието, денеска го изгласаа Законот за основање на нов универзитет „Дамјан Груев“. Предлог-законот доби поддршка од 67 пратеници, а шест од присутните беа против. Станува збор за Универзитет за одбрана, безбедност и мир,  проширен со уште три нови факултети: економски, градежен и архитектонски.

Богоевски и Спировска: Нема да не заплашат!

13558930_993566374095165_4854247271213902465_o

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Павле Богоевски и Симона Спировска, едни од најгласните активисти, откако синоќа беа приведени за време на протестот на Шарената револуција. “Мојата порака е, како и досега, дека можат да се обидуваат да не заплашат, но никогаш нема да им успее! Со ова, само го будат се повеќе гневот на граѓаните. Со ваквите апсења, граѓаните се повеќе сфаќаат во каква држава живееме и сме живееле”, потенцираше актерката Спировска.

Избирачкиот список објавен повторно со неправилности

Untitled

Непосредно по повторното објавување на сајтот на Избирачкиот список на ДИК, каде може да се прелистува според живеалиште, односно, според адреса на живеење, во ЦИВИЛ – Центар за слобода повторно пристигнаа пријави, кои зборуваат за недоследности во Избирачкиот список. Тоа што најмногу ги загрижува граѓанките и граѓаните кои се обратија во ЦИВИЛ, е што грешките кои биле пријавени по првото објавување на Избирачкиот список, се уште не се отстранети.

360 милиони евра буџетски дефицит

Буџетскиот дефицит ќе изнесува околу 360 милиони евра. Сè уште не се знае колку ќе изнесува новата обврзница, но се претпоставува дека и таа ќе ја обремени се посиромашната Македонија за уште неколку стотини милиони евра  Непознато е и колку ќе чини новиот универзитет финансиран од државата. Буџетскиот дефицит во првиот квартал на годинава изнесува 3,9 отсто од БДП, што значи дека со ова темпо, државната каса на крајот на годинава би била во минус од околу 360 милиони евра.

Ахмети на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја прими амбасадорката Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Лидерот на ДУИ со амбасадорката на ОБСЕ разговараше за новите политички случувања во Македонија и во регионот, за предусловите за изборите, за Специјалниот обвинител, како и за препораките кои произлегуваат од анализата на Охридскиот договор.

Финансиска полиција во Општина Стурумица

Финансиска полиција во просториите на Општина Струмица проверува документи за јавни набавки. Засега, не се знае кои точно документи ги проверуваат инспекторите, но тие „чешлаат“ документација од последните неколку години. Од Општината велат дека тие им ги обезбедиле сите потребни документи кои инспекторите ги барале.

 

 

 


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]