Македонија: Преглед на настани (29 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (29 јуни 2016 година): СЕММ: Медиумите не ги признаваат грешките!|| Свобода: ЕУ мора да биде многу строга во барањата за слободни и фер избори во Македонија! || НМСМ: Само 0,26% од буџетот на Агенцијата за млади и спорт е наменет за Секторот за млади!? ||Млади новинари Албанци на обука за истражувачко новинарство со Јета Џара || Собранието ги усвои измените во Законот за полиција || Законски измени за локалните власти ||

timeline
СЕММ: Медиумите не ги признаваат грешките!

13555689_1277308725630641_344732198_o

До Советот за етика во медиумите, од основањето до денес, поднесени се 121 жалба, од кои за 98 е донесена одлука, а за останатите Советот се прогласил за ненадлежен, или спорот е решен со медијација. Најчесто жалби поднесуваат граѓан(к)ите, граѓанските организации, новинарите и политичарите.

Што се однесува до Повелбата за етичко известување, која во февруари оваа година ја потпишаа 92 медиума, според поднесените жалби ја прекршиле ТВ Сител, порталот Прес 24 и весникот „Вест“, со насловната: „Фатиме Фетаи промовира нов официјален јазик“ и „Тортура на албански“.

Свобода: ЕУ мора да биде многу строга во барањата за слободни и фер избори во Македонија!

 

ФСД

Во интервју за„Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans), Ханес Свобода, долгогодишен  политичар во Европската унија и поранешен лидер на Прогресивната Алијанса на социјалистите и демократите, зборува за состојбата на социјалдемократијата во Западен Балкан. Тој ја потенцира важноста на слободата на медиумите, како и клучната улога која ја игра граѓанскиот сектор за понатамошниот напредок на регионот кон Унијата.

Како одговор на прашањето поврзано со податокот објавен од “Индекс на слободата на медиумите на Репортери без граници”, според кој, Македонија е на 118-то место, и со тоа  останува најниско рангирана земја од оние кои се на агендата за проширување на ЕУ, Свобода, ја истакнува важноста на медиумските слободи кои мора да бидат обезбедени на патот кон ЕУ.

Млади новинари Албанци на обука за истражувачко новинарство со Јета Џара

Jeta Xhara, trening BIRN

Во организација на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), вчера во Скопје се одржа обука “Новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор”, на која учествуваа 15 новинари од редакции на различни медиуми на албански јазик во Македонија. Како тренер на работилницата беше ангажирана Јета Џара, една од најпознатите истражувачки новинарки на Косово и во регионот.

Собранието ги усвои измените во Законот за полиција

policajci

По кратка постапка и во отсуство на опозицијата, Собранието ги усвои измените во Законот за полиција, според кои полицијатаспоред член 93, ќе може да користи технички средства за видео снимање на материјали со цел законско и соодветно делување на припадниците на МВР.

Снимениот материјал е предвидено да се чува 6 месеци и доколку не претставува доказ за кривично дело, по овој период да се уништи.

Законски измени за локалните власти 

Новиот закон за општа управна постапка има специфични одредби кои мора се применуваат и поради тоа, се до неговото стапување на сила на 1-ви август од ресорното министерство ќе ги посетуваат единиците на локалната самоуправа, со цел да им помогнат навремено да се отстранат недостатоците и евентуалните проблеми.

Од државниот управен инспекторат ќе вршат континуиран надзор на работењето на органите.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]