Македонија, Скопје, локал 24/3/2013

Овој текст треба да е видување на актуелната ситуација во Македонија. Звучи сериозно, аналитично, критички... Тоа и е, и ќе остане се до последниот ред. Би требало да дадам подеднаква важност на секоја од засегнатите страни и да пласирам неутралност, но овој текст може ќе биде се, освен тоа. Ова е мое, како сакате наречете го, субјективно, лично... видување на она што ни се случува.

Анушка Цветковска

deponija

Во време на деградирани, речиси изгубени вредности, тешко е да си човек–партија. Звучи неверојатно, невозможно нели? Мислам на секој еден од нас, на индивидуата како дом, засолниште на идеи, ставови, потреби, идеолгии. Мислам на индивидуата како еден цел град, темелен на толеранција, разбирање, хуманост. Мислам и на борбите за слобода, на отпорот против наметнато и бескомпромисно владеење кои во еден град доаѓаат. И треба да се пречекаат. Да се бори, бори, и градот да станува посилен и поголем.

Но, ова време не смее ниту да е време на партија- луѓе. Штуро празен дом, навидум засолниште, всушност утеха на дезориентирани, исплашени луѓе. Така ги доживувам политичките партии во нашиот град, партии и прибежишта  на многу од нас, во овој празен, тивок град.

Се ближат избори, може ќе бидат може не. Можеби целосни, можеби делумни. Буџетите на политичките партии за себепромоција се без разлика на тоа исти.

Не го сакам обидот да се потценува опозицијата; критиката ја доживувам како постојано потхранување.Не ги сакам настојувањето да се наметне едноумие и новото руво на градот. Ме плаши толкавата самоувереност на владеачите за апсолутна победа уште во прв круг од изборите. Напротив, го сакам отпорот. И припаѓам на Револуцијата , која во своето име го носи револтот и која оди чекор понатаму. Отпорот другарува со улицата, ја чини  гласна, моќна. Простор без ѕидови, простор за сите. Но сакам поинаков отпор. Не празен марш, без пораките кои заслужуваат транспаренти. Секој еден од нас, секој дом, секој град ги носи пораките. Чукнете на вратите, и прашајте за маките. За глетката од стариот стан во Ристиќева, за глетката од хациендата во Лисиче, за глетката од домот на главната улица во Капиштец. Прашајте ги Тетово, Гостивар, Паланка.

smet

Локални избори, локална криза, локални дебати околу демократијата. Никаде не гледам место за реалните локални проблеми на граѓаните. Знам еден голем проблем во врска со локалните. Еве, на пример, локално, во Тетово. Луѓето имаат проблем со нечистотијата. Живеат во депонија. Ќе се реши ли скоро и кој ќе го реши проблемот со депонијата? Да прогласиш човек за почесен граѓанин во депонија ? Тоа не оди така. Не заслужил така.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish