„Треба да се пренесе вистината и фактите за вистината. Па, дури, и од аголот кој ти го гледаш... Е, колку е тоа вистина, е веќе филозофско прашање... Затоа, денес имаме ваква состојба, добар дел од моите колеги мислат дека сите сдсмовци треба да си заминат надвор од државата и сите вмровци - на колец...“, рече новинарот Војо Маневски, на дебатата „Македонија: со или без слобода“ во Штип.
„Не знам зошто, можеби така размислуваат... Јас зборувам дека треба да пишуваат како што треба, а треба така како што се поредени фактите, и правилата на занаетот, а друга работа е и законот, како што вели професорката. Затоа што таа слобода - тоа што јас го мислам, тоа го нема во ниту едно цивилизирано, организирано општество. Говорницата, камерата, микрофонот, весникот... не се за тоа што јас мислам. Треба да напишеш она што е вистинито, што е ред на фактите. Нарачката од врвот денес, од било кој врв, кај нас е стварност и за тоа треба да се зборува. Тој клиентелизам кај нас и на Балканот, спрегата помеѓу сопствениците на медиумите, политиката, трошењето на буџетот кое е актуелно сега во Македонија..., тоа е нешто за кое ние треба да зборуваме“, рече Маневски.