Маричиќ: Граѓанскиот ресор бара нови правила за младинско организирање

„Целта на овие реформи во граѓанскиот сектор е да се обезбеди поголемо учество на граѓаните и граѓанските организации во политиката и носењето одлуки и да се поттикне граѓанскиот активизам и граѓанското учество и во протести и во политичките процеси“,  изјави за ЦИВИЛ МедиаБојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование - МЦЕО, еден од учесниците во креирањето на документот - Предлогот за итни демократски реформи.

„Едновремено да се намалуваат сите законски прагови за граѓанско учество во актуелните политички механизми, значи референдум, петиција, законодавна иницијатива и сето она што им беше пречка на граѓаните поактивно да учествуваат преку политичките механизми во политиката“, вели Маричиќ, еден од креаторите на документот за итни демократски реформи, коишто би ги имплементирала новата експертска влада за период од три месеци.

М. Талеска