Министерството за две години распределило 700.000 литри нафта за чистење на речните канали низ Македонија

Од Министерството за животна средина тврдат дека немаат фонд за итна интервенција за чистење на каналите и испустите во загрозените подрачја од поплавите во Скопје и во околните населени места, но тврдат дека минатата и оваа година се распределени околу 700.000 литри нафта за сите општини во државата

„Согласно со акцискиот план за чистење на речните корита, дистрибуирани се 700.000 литри нафта за механизацијата за чистење, до сите општини во државата. Министерството нема предвидено интервентни средства за алармантни ситуации. Но, се интервенира сигурно со средства од Владиниот буџет“, изјави Весна Петрушевска,  државен советник за финансии во Министерството за животна средина.

Сепак, од Министерството денеска не добиеме одговор колку од овие количества нафта биле дистрибуирани во Град Скопје и во Општина Гази Баба, каде што припаѓаат поплавените подрачја.

Жители од овој регион, пак, тврдат дека со години политичарите за време на избори им ветуваат чистење на речните корита и канали, но,  потоа забораваат на ветувањата.

Моника Талеска