Мисли му ја, ако не се појави на гласање!

Доколку сакаат да добијат решенија за работа, одреден број лица од една државна институција во Велес, треба да обезбедат 10 неопределени гласачи со име и презиме, улица и гласачко место. По секое излегување на посочените гласачи, на денот на гласањето од првиот круг за претседателски избори, лицето добива известување од партиски центар дека регистрираниот се појавил на гласање. Едно од посочените лица не се појавило на гласање до 17 часот и тој што го предложил добил телефонски повик. „Мисли му ја ако не се појави на гласање!“,  било предупредувањето кое тој го чул на телефон.

Уште еден велешанин им се пожалил на нашите набљудувачи дека цел ден бил под притисок за исполнување на листата со десетмина гласачи.

Оваа вест е достапна и на: Albanian