Младински форум за медиумско претствување на малцинствата

Млади инфо организира младински форум под наслов „Претставување на малцинствата во новите медиуми во Централна и Источна Европа“ каде што млади луѓе од над 10 земји од Европа ќе зборуваат како медиумите во нивните земји ги претставуваат етничките малцинства, како европските нови медиуми користат стереотипи кога известуваат за мигрантската и бегалската криза, колку проблемите на лицата со телесна и/или интелектуална попреченост добиваат медиумски простор.

Покрај овие теми, форумот ќе отвори место за дијалог за уште многу други прашања поврзани со малцинствата и медиумите. Форумот почува утре, 3 февруари, ќе трае два дена во хотелот „Континентал“ и на него ќе присуствуваат 50 млади луѓе од 14 земји на Централна и Источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Во рамки на форумот ќе бидат презентирани резултатите од регионалиот мониторинг што беше спроведен врз 15 нови медиуми во Бугарија, Грција, Хрватска и Македонија, и кој треба да увиди како новите медиуми ги претставуваат етничките малцинства, мигрантите, бегалците, барателите на азил, ЛГБТ популацијата, како и лицата со телесна и интелектуална попречност.

На крајот на форумот, ќе бидат презентирани 10 препораки за подобро медиумско известување за малцинствата, како и за промовирање на разноликоста. Работен јазик на форумот е англискиот.

Оваа вест е достапна и на: Albanian