Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода организираат панел дискусија на тема „Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ“ што ќе се одржи на 24.07.2018 година (вторник) во 11.45-13.00 часот на северната тераса на Музејот на Современа Уметност на град Скопје. Панелот се организира по повод официјалната посета на Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.
Ова е исклучителна можност за претставниците на младинските организации во Македонија како и останатите учесници, да ги споделат своите идеи и ставови за евроинтеграциските процеси на земјата и да се обидат, заедно со високиот гостин, да дадат одговор на прашањето:
На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на можностите на младите луѓе во земјата во поглед на образование, вработување, справување со криминал и корупција, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво?
Дискусијата на настанот ќе се одвива на англиски јазик. Организаторите ќе обезбедат видео стриминг, а онлајн заедницата ќе може да поставува прашања и да коментира на социјалните мрежи. Хаштаг: #MKyouthEU
Поради ограничениот простор, присуството е возможно по претходна најава на [email protected] најдоцна до 20.07.2018, 16 часот. Пријавувањето на Фејсбук настанот не се смета за уредна пријава.