Младите избегнуваат соработка со НВО поради страв од етикетирање!

Младите многу ретко посетуваат и стануваат дел од некоја невладина организација, истакнаа учесниците на дебатата и презентација на брошурата: „Младите информирани, младите активирани“.

Фросина Митрушева професорка во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, вели дека училиштата и институциите се затворени за соработка со невладините организации. Според неа, и според дел одулесниците, младите многу ретко се одлучуваат да се зачленат во НВО поради незаинтересираност, неинформираност и страв од етикетирање. Исто така, и родителите своите деца ги советуваат да се тргнат од „политика“ и не им дозволуваат да посетуваат НВО, а исто времено им дозволуваат да станат дел од помладоците на некоја политичка партија.

1383496_460436644074810_1437030142_n
„Пред три години како член на невладината организација ЦИВИЛ Центар за слобода, имавме проект „Сите бои на мојата земја“, за темата „Човекови права, мир и толеранција“ каде што учесниците можеа да се натпреваруваат во повеќе категории на ликовниот, односно, графичкиот израз и пишаниот збор. Проектот беше многу убав и преку него, децата преку цртање и боење ќе се запознаваа подобро. Меѓутоа, не наидовме на соработка од Бирото за развој на образованието во Република Македонија и тој проект не се имплементираше во училиштата“, вели Митрушева.

Средношколката Ивана Крстиќ, вели дека образовниот систем е најголем виновник за незаинтересираноста на младите да се вклучат во активностите на некоја невладина организација.

„Активизмот е нешто најубаво што ми се случи, бидејќи образованието не ми дава доволно знаење“, истакна Крстиќ.

Новинарот и граѓански активист Огнен Јаневски ги охрабри младите да се борат за што повеќе да се приутни во медиумскиот простор, бидејќи така ќе се слушне нивниот глас.

„Јавниот сервис МТВ мора да им отстапи повеќе простор на младите, затоа што има законска обврска“, вели Јаневски.

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian