На вчерашниот перформанс „Специјален суд за ‘специјални’ криминалци“, што го изведе подмладокот на „Движењето Беса“ пред нивното седиште во трговскиот центар „Мавровка“, на симболичен начин, односно, зад затворски решетки, беа поставени двајца млади, со „маски“ според лицата на Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ. Младинците на Беса побараа од надлежните институции да ги казнат сите кои се осомничени за примање на милионски поткуп во случајот „Маѓар Телеком“.
Ерхан Адеми, членот на „Младите сили“ на Беса, изјави дека истражните постапки на Специјалниот обвинител за одредени, поранешни високи државни функционери се една од долгооочекуваните вести и „светлина во темниот тунел, во кој ги доведе граѓаните оваа политичка власт“.
„Важен момент на истрагата од Специјалниот обвинител е и случајот „Mаѓар Телеком“, каде што се вклучени и Али Ахмети и Муса Џафери, кои се осомничени дека примиле мито во вредност од неколку милиони евра. Преку ова симболична акција, ние младите на ‘Движењето Беса’ бараме да се истражат овие и други случаи, така што, да има правда за сите случаи, особено сега, кога има јавни факти дека политичката класа на ДУИ е длабоко потоната во криминал, корупција и мито“, изјави Адеми, член на подмладокот на Беса.