Мобилните мониторинг тимови на ЦИВИЛ се на терен и во текот на викендот. Тетово, Гостивар, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце и други места се на денешната рута.
На средби со регионалните координатори, претставниците на политичките партии, локалната самоуправа и на организациите на граѓанското општество, мобилните мониторинг тимови разговараат и прибираат информации за состојбите на теренот.
Тимовите на ЦИВИЛ се и во директна комуникација со граѓанките и граѓаните и ги повикуваат да се пријават за набљудувачи на изборниот процес.