Денеска се одбележува Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, 25 Ноември, со што стартува и глобалната кампања „16 дена активизам“, која ќе трае до 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права.
Кампањата се одржува со цел да се подигне свеста и да потикнат активности што ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата, ширум светот.
Во Македонија во текот на овие 16 денови ќе се одржат активности кои вклучуваат - осветлување на скопското Кале со портокалови светла, поддршка од јавни личности од различни сфери и дебати со средношколци и студенти ширум земјата.
Националниот совет на жените во Македонија за денес најави и настан на кој лидерите на политичките партии ќе потпишат Декларација и ќе се обврзат на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените.
Оваа вест е достапна и на: Albanian