„Sukhar rat, можеби првпат слушате како се изговара на ромски – добро вечер. Ќе кажам само неколку збора на македонски, затоа што многу ретко, речиси никогаш не се обратил некој на ромски јазик на јавен настан, на не-ромски настан“, рече новинарот Дехран Муратов, на мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=fYH4gpDTmzc[/youtube]
Ќе продолжам на ромски јазик, затоа што претпоставувам дека на најголемиот дел од публиката ќе му биде интересно да слушнат како звучи ромскиот јазик. За медиумите моите колеги претходно, многу изнакажаа.
Јас денес сум тука да зборувам на ромски, за да слушнат и останатите (не-Роми) како звучи ромскиот јазик. Веќе гледам дека почна публиката да се насмевнува (позитивно)...
Слобода? Дали може да зборуваме за слобода? Видовме дека еден ромски медиум згасна, во останатите ромски медиуми има само музика и ништо друго, нема никаква критична маса, а до кога ќе биде така, самите Роми ќе одлучат. Не-ромските медиуми објавуваат нешто за Ромите, главно кога Амди Бајрам ќе каже некој лапсус, а за правата на Ромите многу ретко се известува. Затоа, треба да се борите(ме) за вашите/нашите права и да бидете(ме) повеќе застапени во медиумите. Ви благодариме!“