МЦМС: Ефективна борба против корупцијата - прашање на личност или на систем?

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска со почеток во 10:30 часот во „Холидеј Ин“ ќе се одржи конференција на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем“. На конференцијата ќе зборуваат главната обвинителка на Националниот директорат за антикорупција во Романија, Лаура Кодрута Ковеси и  Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Целта на конференцијата е да се разменат искуства и да се отвори поширока дебата за предизвиците во борбата против корупцијата со кои се соочуваат Македонија и регионот, преку романскиот пример на справување со корупцијата.

Ромаската јавна обвинителка Кодрута Ковеси ќе се осврне на политиката, механизимите и институциите и на клучните актери во извојување на борбата против корупцијата во Романија. Специјалната јавна обвинителка Јанева ќе зборува за своите искуства во борбата проив корупцијата на истиот панел „Непристрасност, интегритет, ефективност“.

фото: plusinfo.mk

Лаура Кодрута Конеси

Во вториот дел од конференцијата „Дали борбата против корупцијата е колективна одговорност?“ ќе се обрне внимание на улогата и придонесот на граѓанското општество во справување со корупцијата. Говорници ќе бидат Јоана Авадини, извршен директор на Центарот за независно новинарство од Романија, Руслан Стефанов, директор на економската програма, Центар за изучување на демократијата од Бугарија и Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернационал, Македонија.

Според програмата, амбасадорот на САД, Џес Бејли, министерот за правда, Аднан Јашари и првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски, ќе имаат воведни обраќања.

На паузата од 11:45 до 12:15 е предвидена прес – конференција и изјави за медиумите.

Конференцијата е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција, што ја спроведува МЦМС. Цел на програмата е зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓаните за барање повеќе отчетност кај институциите како и придонесување кон нивен повисок интегритет.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian