На денот на толеранција, нулта толеранција за злосторства од омраза

Македонија чекори кон ЕУ и НАТО, но по пат поплочен со говор на омраза, нетолеранција и дискриминација. За жал, комуникацијата меѓу луѓето најчесто прибегнува кон насилно решавање на конфликти, со малку волја и желба за нивно надминување.

И оваа година Меѓународниот ден на толеранцијата е само потсетник на политичкото и општественото опкружување во кое живееме тенденциозно стремејќи кон насилство поттикнато од омраза.

Токму процесите на евроинтеграциите и решавање на спорот со Грција за името беа отворено поле за конфронтации исполнети со говор на омраза, нетолеранција и кршење на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува институциите да преземат мерки и одговорност и да ја отфрли праксата на неказнивост на злосторства предизвикани од омраза. ЦИВИЛ ги повикува и граѓанките и граѓаните, своите поддржувачи, членови и активисти да излезат и да го поддржат десеттиот Марш на Толеранцијата и заеднички да упатиме порака дека нема да дозвoлиме да бидеме жртви на омразата која води до хаос и деструкција.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish