На Македонија ѝ се потребни вистински демократски реформи

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна дискусија во рамките на проектот Моето гласачко право на 23 јуни 2015 (вторник), ГЕМ Клуб, со почеток во 12 часот.

Воведничари ќе бидат професорите Стево Пендаровски и Јове Кекеновски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува претставниците на  политичките партии, граѓанските организации, медиумите и граѓанките и граѓаните да земат учество во јавната дискусија под наслов „За Македонија се потребни вистински демократски реформи“. Вашето активно учество во оваа јавна дискусија е добредојдено. Од настанот ќе произлезе јавен извештај во кој ќе бидат поместени вашите излагања, прашања и коментари.

На јавната дискусија ќе се дискутираат идеите за промена на изборниот модел, потребата за ревизија на Избирачкиот список и модалитетите за спроведување на слободни избори.

Воедно, претставниците на ЦИВИЛ ќе ги презентираат досегашните постигнувања во рамките на проектот.

 

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish