Набљудувач на Цивил беше попречен од член на изборната комисија на гласачкото место 2849 во 7.10 часот под образложение дека нема посебно овластување од Цивил
Нашиот набљудувач во моментот имаше уште еден документ од Цивил на албански јазик, за кој немаше ни потреба, бидејќи поседува релевантни документи и акредитација од Државната изборна комисија. Сеедно, членот на изборната комисија реагираше дека не признава документи на албански јазик.
Потребно беше подолго убедување со членот на комисијата за нашиот набљудувач на крајот, сепак, да остане на избирачкото место каде што беше распореден, а во меѓувреме му беше издаден документ и на македонски јазик за кој, потенцираме, нема потреба, имајќи предвид дека сите потребни документи и акредитации веќе ги поседува.
Ова е ситуација која се повторува и во претходните кругови на гласање и покрај нашите реакции до Државната изборна комисија од каде што, пак, убедуваа дека ова нема да се повтори.
Оваа вест е достапна и на: Albanian