„Набљудуваме!“ денеска во центарот на Скопје

ЦИВИЛ - Центар за слобода денес напладне, во центарот на Скопје (на преминот кај „Палета“), ќе постави инфо-штанд на кој граѓанките и граѓаните ќе можат да се информираат за можноста да станат дел од мониторинг-тимовите за претстојните парламентарни избори. 

Покрај информативните материјали, на штандот скопјан(к)и ќе може да потпишат изјава за поддршка на ЦИВИЛ, како и да се пријават за краткорочни набљудувачи на денот на изборите. Сите заинтересирани своите апликации може да ги испратат на следниот линк.

Во наредниот период ЦИВИЛ ќе оддржи и семинари за пријавените краткорочни набљудувачи.

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian