„Набљудуваме!“ и „Напред“ во центарот на Скопје

Екипата на ЦИВИЛ - Центар за слобода во рамките на проектите „Набљудуваме!“ и „Напред“, денеска од 12:00 до 13:30 часот, постави инфо-штанд кај преминот до „Палета“, во центарот на Скопје, каде што активисти им делеа информативни материјали на граѓанките и граѓаните и ги информираа како да бидат дел од мониторинг-тимовите за изборно набљудување на предвремените парламентарни избори.

_DSC0322

Граѓан(к)ите беа заинтересирани и задоволни што имаат можност да придонесат за спроведување на фер и демократски избори што ќе се одржат на 11 декември 2016 година, а притоа да не се партиски ангажирани. Но, имаше и мал дел од граѓан(к)ите кои коментираа дека и досегашните избори беа фер и демократски и дека нема потреба да земат флаер за да се информираат за своето право на глас, ниту да бидат граѓански набљудувачи.

Граѓан(к)ите се информираа за отворените позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите), долгорочни набљудувачи (активни најмалку четири недели пред денот на изборите и најмалку една недела по изборниот ден) и за мобилни мониторинг тимови низ целата земја.

Проектот „Набљудуваме“ е поддржан од Амбасадата на САД, а проектот „Напред“ е поддржан од Амбасадата на Германија во Македонија.

Д. Муратов