„Набљудуваме!“ во Старата скопска чаршија

Како дел од новиот проект за изборен мониторинг „Набљудуваме“, ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска ги интензивираше активностите за комплетирање на тимовите за изборно набљудување, преку инфо-штанд кој беше поставен напладне на платото пред Универзитетот на ЈИЕ, на влезот во Старата скопска чаршија. Екипата на ЦИВИЛ два часа делеше информативен материјал и разговараше со стотици граѓани и граѓанки

набљудуваме1

Граѓаните се пожалија на низа изборни нерегуларности кои им се случиле во изминатите изборни процеси, меѓутоа, дел од нив беа и задоволни дека со укажаната прилика да аплицираат за набљудувачи на ЦИВИЛ, ќе може да придонесат да има фер и демократски избори.

DSC_0262

Граѓаните беа информирани дека се отворени позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите), долгорочни набљудувачи (активни најмалку четири недели пред денот на изборите и најмалку една недела по изборниот ден) и за мобилни мониторинг тимови низ целата земја. За аплицирање е потребно заинтересираните кандидати да испратат кратка биографија (до 1 страница) со контакти, мотивациско писмо (половина страница) и фотографија (за легитимација, доколку се прифати апликацијата).

 

набљудуваме

На инфо-штандот на ЦИВИЛ, граѓаните имаа можност да пополнат и пријави на злоупотреби, уцени, притисоци, партиски вработувања, корупција... Пријавувањето на случаите на кршење на човековите права и слободи во изборен контекст, може да се направи и преку веб страницата за слободни избори.

набљудуваме3

Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Дехран Муратов